ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 5 ЈУНИ
На 5 јуни по повод светскиот ден за заштита на животната средина беше промовиран Еко кодексот на нашето училиште. Еко кодексот ќе претставува правилник на однесување на сите ученици и вработени во училиштето.
По повод одбележувањето во училишната градина беа засадени и цвеќиња со што разубавивме и го освеживме просторот во еко градината. За учениците од IV и V одделение беше организирана трибина на тема „Размисли и заштитувај“.
На трибината учениците ги презентираа стекнатите знаења од областа на екологијата, дебатираа и предлагаа идеи за заштита на животната средина. Активностите беа организирани со цел што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на свеста за заштита на животната средина.