5 Март Светски Ден за заштеда на електрична енергија
На 5 Март беше одбележан Светски Ден за заштеда на електрична енергија. Во аулата на училиштето беше подготвена презентација со ученици од VII одд и наставничката Елена Томевска.
Во знак за заштеда на енргија во училиштето на тој ден наместо електричното ѕвонче се употребуваше механичкото.
Еко тимот за заштеда на енергија изработи налепници со напис ,,Влези вклучи и излези исклучи’’ и истите беа поделени на секоја паралелка и поставени на штекерите во сите училници.
Еко патроли
Во еко патролите учество земат сите ученици организирани по паралелки. Патролираат секојдневно (по двајца ученици од секоја паралелка) на големиот одмор, нивната задача е да ja следат состојбата за заштеда на енергија и вода во училиштето, грижа за сакциските цвеќиња и намалувње на отпадот односно собирање стара и употребена хартија во училиштето. Сите согледувања позитивни или негативни ги бележат во чек листи.
Еко патролата функционира во 4 групи:
II и III ја следат состојбата во тракт десно долу
IV и V ја следат состојбата во тракт десно горе
VIo VI ја следат состојбата во тракт лево долу
VII VIII ја следат состојбата во тракт лево горе
По завршување на следењето секоја паралелка прави анализа на состојбата во својот тракт и изготвува упатства за рационално користење на водата, електричната енергија и истите ги истакнува на видно место.
Во текот на месец март еко патролите секојдневно патролираа во училиштето и ја следеа состојбата за заштеда на енегија и заштеда на вода. Еко патролите следеа дали училниците се проветруваат на големите одмори и дали се собира веќе употребената хартија од работниот ден.
Резултатите од следењето ги запишуваа во чек листи и на одделенските часови ги анализираа прибраните податоци.
Собирање стара и употребена хартија
Како во изминатите месеци така и во месец март употребената хартија од работниот ден редовно се собираше во корпите за собирање хартија.
По повод одбележување Денови на екологија во периодот 26,27 и 28 во училиштето течеше акција за собирање стара хартија. Хартијата беше мерена и вкупно беа собрани 333 кг. стара хартија.
Состанок со членовите на Еко одборот
На 16.03.2012 се одржа состанок со следниот
Дневен ред
1. Презентација на реализирани активности и настани од првото полугодие
2. Анализа на проектните активности од избраните точки за акција
3. Договор за одбележување на 7 април - еко ден на училиштето
Потпишан меморандум за соработка меѓу ОУ Дане Крапчев
Факултетско Земјоделското Стопанство Трубарево
На 26.03.2012 во просториите на Факултетско Земјоделско Стопанство Трубарево од страна на директорите беше потпишан Меморандм за соработка меѓу училиштето Дане Крапчев и Факултетско Земјоделското Стопанство Трубарево. При потпишувањето на меморандумот покрај директорите, присуствуваа еко координаторот и ученици членови на еко одборот.
Активности по повод денови на екологија
Деновите на екологија традиционално, години наназад во нашето училиште се одбележуваат една седмица. За таа цел беше изготвен акционен план со активности.
Одбележувањето го започнавме на 21.03.2012 со наведените активности:
- чистење на училишниот двор од отпад;
- чистење на училниците и холовите во училиштето;
- акција за засадување на 8 лешникови садници, 2 чемпреси и 1 елка во училишниот двор
- окопување и потхранување на цвеќињата во аулата;
- изложба на предмети од пренаменети материјали
22 Март – Светски ден на водите
Еко квиз натпревар
По повод Денови на ЕКОЛОГИЈА, на ден 23-03-2012 во нашето училиште се одржаа ЕКО КВИЗ, во кој учество земаа учениците од петто одделение. Распоредени во четири екипи се напреваруваа меѓусебно со своите знаења од областа екологија.
Целта на квизот беше преку натпреварувачкиот дух да се подигне свеста и едукацијата на најмладите за значењето на животната средина и природните ресурси .Квизот содржеше три игри и тоа прашања од областа на екологија, дилема игри (проблемски ситуации ) и асоцијација, истиот беше осмислен и реализиран од Бојана М.Личева, наставник по биологија. Квизот се одвиваше во училишниот хол, со озвучување , под водство на ученици од VII и VIII одд., а за регуларноста и почитувањето на правилата се грижеше трочлено жири составено од наставник Мирослава Стојмановска и двајца ученици од предметна настава.