Активности во текот на месец декември
На ден 14.12.2012 нашето училиште го одбележа ,,Меѓународниот ден за заштеда на електрична енергија’’. По тој повод во училиштето во 4 училници беа заменети обичните со штедливи светилки. Во аулата на училиштето учениците од VIII одд. презентираа проектна активност за заштеда на енергија, а ученици од одделенска настава изработија пораки и упатства и истите ги поделија на локалното население.
Во текот на месец декември членови од еко одборот направија увид во чек листите од следењата на еко патролите. Од увидот забележано е дека: светилките во училиштето светат само со причина, хартијата од работниот ден уредно се собира, училниците редовно се проветруваат, цвеќињата во училниците и холовите редовно се полеваат. Од бележењето за заштеда на вода забележано е зголемена потрошувачка на вода По тој повод беше организирана средба со одговорните ученици за заштеда на вода и истите во својата паралелка ги пренесоа забелешките и идеите за што порационална употреба на водата.