Одбележан Денот на јаболкото во ОУ ,,Дане Крапчев”
Учениците и вработените од ОУ,,Дане Крапчев’’ на 22 Октомври го одбележаа Светскиот ден на јаболкото. Одбележувањето е дел од кампањата ,,Здрава храна за детство без мана’’. Кампањата се спроведува со цел да ја подигне свеста кај учениците за потребата од конзумирање здрава храна, како и ужинките од чипсови смоки и газирани пијалоци се заменат со јаболко и производи од јаболко. Активностите започнаа со презентации за благодетите на јаболкото, беа организирани работилници на кои учениците можеа да проследат подготовка на производи од јаболко, беше организирана продажба и избрано најубаво јаболко. Активностите завршија со собирање на отпадот од јаболките и соодветно третирање на истите со оставање во компостерката за органски отпад. Денот на јаболкото во училиштето Дане Крапчев се спроведува трета година поред учениците со задоволство ја прифаќаат кампањата и истата ќе продолжи и во иднина.