Промоција на Еко Химна и еко училница
во ОУ „Дане Крапчев“
Градоначалникот Тони Трајковски присуствуваше на промоцијата на Еко Химната во ОУ „Дане Крапчев“. Текстот на Химната го напиша ученичката Наталија Јовановиќ, музиката, аранжманот и продуцент е наставникот по музичко образование, Ванчо Јовчев, изведбата е на Дина Јашари, придружувана од Ева, Сара, Ивана и Ана, копродуцент е Ангел Ќосев, а песната е снимена во Студио „Подрум“.
Училиштето Дане Крапчев многу внимание посветува на едукација за зачувување на животната средина и на едукацијата на учениците, кои заедно со наставниците постојано изнаоѓаат начин како рационално да ги користат расположливите природни ресурси, како да се редуцира, реупотреби и селектира отпадот.
Во таа насока во училиштето, Градоначалникот заедно со директорката Благица Станковска ја отворија еколошката училница, во која учениците ќе имаат можност практично да го покажат знаењето за животната средина. Во училницата се лоцирани хранилки за птици, канистри за искористување на дождовницата, компостерка за биоразградлив отпад, како и многу видови на вегетација.

EKO ХИМНА НА УЧИЛИШТЕТО ОУ„ДАНЕ КРАПЧЕВ“-СКОПЈЕ