Во текот на месец ноември во нашето училиште беа реализирани работилници на тема ,,Здрава храна за детство без мана .‘’
Во работилниците учество зедоа учениците од III одд. и V одд.
Работилниците беа спроведени со една единствена цел учениците да ги променат навиките и во исхраната да користат храна богата со витамини и минерали.
Секоја паралелка во својата училница покажувајќи ја својата креативност подготви: сокови, салати, одревери, десерти и фигури од свежо овошје и зеленчук.
На крајот од работилницата учениците со задоволство ги дегустираа производите и дадоа свое позитивно мислење за истите.