ПОСТАВЕНО ЗЕЛЕНОТО ЗНАМЕ
По успешно спроведување на Програмата „Интеграција за еколошката едукација во македонскиот образовен систем нашето училиште стана добитник на највисокото признание Еко училиште со „Зелено знаме“.
Официјалното прогласување на градинките, основните и средните училишта кои беа наградени со зелено знаме, сребрено или бронзено ниво, се одржа по петти пат на традиционалниот Еко - Самит на 05.03.2014 во ОУ ,,Лазо Ангеловски’’- Скопје.
Одлуката за наградување е донесена од страна на комисија, во состав на претставници од Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Бирото за развој на образование, Државниот просветен инспекторат, Швајцарската агенција за развој и соработка и претставник од Здружението „ОХО“.
По тој повод на ден 06.03.2013 во училиштето беше одржана и свечена програма, пред голем број гости, меѓу кои беше и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Зеленото знаме е втора награда по ред од програмата Еко училиштете и во учебната 2011/12 училиштето се стекна со статусот ,,Училиште со сребрено ниво’.
Ученците со гордост го понесоа и развиорија знамето со една единствена цел за: подигање на еколошката свест кај сите кои се директноили индиректно вклучени во образовниот процес ,за рационално користење на природните ресурски, како и заштита на животната средина во училиштето и локалната средина.