ОУ „ДАНЕ КРАПЧЕВ“
- НЕКОГАШ -
ИСТОРИЈАТ НА УЧИЛИШТЕТО
Својата образовна и културна мисија низ децениите училиштето ја почнува на 1 февруари 1978 година , односно во второто полугодие на учебната 1977/1978 година.Училиштето е основано со решение бр. 4886 од 04.10.1977 година на Собранието на општина Гази Баба.Вкупно 1077 ученици распоредени во 35 паралелки добиле можност да го продолжат своето образование во новата училишна зграда. Учениците се префрлени од основните училишта "25 Мај", "Крсте Мисирков" и "Наум Наумовски –Борче". Средствата за изградба на училишната зграда се обезбедени од Фондот за обнова и изградба на Скопје и од самопридонесот на работните луѓе и граѓани на Скопје.Објектот се простирал на површина од 4200 метри квадратни, со 16 училиници, 6 кабинети, фискултурна сала со помошни простории и спортски терени, училишна кујна со трпезарија, проекциона сала, како и простории за извршување на административно-педагошка функција.Со ваквото архитектонско решение , опремена со нов инвентар, наставни и нагледни средства , училишната зграда овозможила целосно и квалитетно изведување на наставата.Честа за прв директор на училиштето ја има Душко Перески , а потоа следуваат запишани имињата на :Николче Илиевски, Благица Трпевска, Божин Арсовски и Благица Станковска.Од учебната 1979/80 година работи и забавиште, а подоцна се воведува и дневен престој.

ОУ„ДАНЕ КРАПЧЕВ“ - СЕГА -
Во текот на својот временски од низ годините училиштето доживува архитектонски промени:на просторот на проекционата сала направена е училница за забавиште и две училници за дневан престој, нова училиница никнува и на еден дел од просторот на кујната , а во 2007 година на двете тераси исто така се направени две нови училници.Опстојувањето на училиштето низ годините ја наметнува потребата и од реновирања и реконструкции, така што реновирани се тоалетите за наставниците, подовите во училниците, кровот, а направена е и замена на најголем дел од старите прозорци со нови.
Во текот на овој трииполдецениски времеплов училиштето се стекна со епитетот Пионер во воведувањето на промените во воспитно-образовниот процес ,како едно од првите училишта во републиката кое започна со воведување на промени во наставата.
Секоја година училиштето продуцира нова генерација , оспособена да го продолжи своето образование која во училиштето остава сведоци за своето постоење со бројните награди и признанија во име на училиштето на општинско, градско и републичко ниво.