ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАВНИТЕ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ
Според наставниот план во училиштето се остварува и организира:
1. ЗАДОЛЖИТЕЛНА НАСТАВА
Наставата ќе се изведува во две смени. Во едната смена се организира настава за учениците од I1,4, II, IV, VI и IX одделение, а во другата смена за учениците од I2,3, III, V, VII и VIII.
Менувањето на смените се врши на секои две недели.
Наставното време во првата смена започнува во 7,30 часот, а завршува во 12,35 часот. Втората смена започнува во 12,45, а завршува во 17.50 часот. Наставниот час трае 40 минути.
Задолжителeн странски јазик е англиски јазик, а како втор задолжителен јазик од шесто одделение е француски јазик.
Наставата ќе се изведува во 12 класични училници , 14 специјализирани училници (кабинети), 1 просторија за дневен престој и 1 фискултурна сала.
2. ИЗБОРНА НАСТАВА
Постапката за изборот на изборните предмети во училиштето се изведува согласно Процедурата за изборни предмети. Од анкетирањето на родителите изборна настава ќе се изведува по следните предмети во следните одделенија:
Творештво – четврто и петто одделение
Етика во религиите и класична култура во европската цивилизација – шесто одделение.
ТО– седмо одделение.
Танци и народни ора во осмо одделение.
Проекти од информатика – деветто одделение
3. Дополнителна настава
Како составен дел од Процедурата за следење на планирањата на наставата и наставниот процес на наставниците дополнителната настава се планира, и ќе се реализира според однапред утврдениот распоред , а истиот е изготвен согласно Законот за образование.
4. Додатна настава
Исто така, како составен дел од Процедурата за следење на планирањата на наставата и наставниот процес на наставниците додатната настава се планира, , а истиот е изготвен согласно Законот за основно образование.
5. Програма за продолжен престој на учениците од прво, второ и трето одд. пред почетокот и по завршувањето на часовите
Во согласност со Законот за основно образование, како и претходните учебни години така и оваа,во училиштето, по барање на родителите, планира прифаќање на учениците од прво, второ и трето одделение пред почетокот и по завршувањето на часовите.
Индивидуализирани програми за работа со надарени и талентирани
За работа со надарени и талентирани ученици, училиштето има изготвено план, програма и акционен план за работа со надарени и талентирани ученици.
Индивидуализирани програми за деца со посебни образовни потреби
Во училиштето за успешна инклузија на учениците со посебни потреби и емоционални потешкотии се изготвуваат годишен (долгорочен), тематски (среднорочен) и дневен (краткорочен) индивидуален образовен план. Училиштето има изготвено програма за успешна инклузија на учениците со посебни потреби и емоционални потешкотии.
- Задолжителна настава;
- Изборна настава;
- Дополнителна настава;
- Додатна настава;
- Продолжителна настава;