Ученичките натпревари
Ученичките натпревари се облик на активности преку кои еден ученик или група ученици се трудат подобро или побрзо да постигнат добри воспитно-образовни резултати. Натпреварите имаат значајна улога во развојот на личноста на ученикот. Преку нив се поттикнува и развива интересот на учениците кон одредена активност, па на тој начин се воспоставува активен однос кон наставата и вреднувањето на постигнатите резултати.Училиштето кое континуирано вложува во својот развој исоздава позитивна, продуктивна и стимулативна училишна климасоздава и ученици кои ќе го вложат својот максимум за реализацијата на сопствените афинитети и вештини. Правилното канализирање на енергијата која ја носи во себе ученикот и можноста да се надградува според афинитетите е одговорна задача на училиштето, кое го води ученикот кон портите на успехот. Секој ученик се гордее со своите лични постигнувања, како и со постигнувањата кои ги носи во име на училиштето.
Клучот на успехот лежи во сите нас кои го поттикнуваме мотивот за самодокажување на учениците и желбата за афирмација во општеството.
а) Училишни натпревари
За учениците од IV - VIII одделение ќе се организираат училишни натпревари во следните предмети:
македонски јазик
англиски јазик
француски јазик
математика
физика
хемија
географија
биологија
историја
граѓанско образование
информатика
природни науки и техника
природа
општество Училишните натпревари ќе се одржат според следниот план.
б) Општински, градски или регионални натпревари Училиштето ќе учествува на сите општински, градски и регионални натпревари кои ќе бидат организирани од страна на установите или институциите кои за тоа имаат одобрение од Министерството за образование и наука.На општинските, градските или регионалните натпревари ќе земат учество учениците кои покажале подобри резултати на училишните натпревари.
в) Државни натпревари
Учеството на учениците на државните натпревари зависи од резултатите постигнати на регионалните натпревари.Со цел да се поттикне интересот на учениците за учество на ученичките натпревари планираме:

- Осмислена организација и коректна реализација на училишните натпревари.
- Определување на квалитетни наставници за ментори.
- Давање на соодветна стручна помош или друга помош.
- Доследно спроведување на критериумите за наградување на ученик или група ученици.