На ден 07.11.2012 нашето училиште го одбележа Светскиот Ден на акција како дел од интернационалната програма Еко-училиште/еко-градинка на Фондацијата за еколошка едукација која се спроведува во 52 земји во светот. По тој повод во училиштето беа организирани акции за намалување отпад: собирање пластични шишиња, стара и употребена хартија, батерии. Во аулата на училиштето беа реализирани едукативни работилници за рециклирање хартија и проследени едукативни видео филмови.На час по творештво активот на V одд. со пренамена на амбалажа изработи жардињери од пластични шишиња, во кои засадија сезонски цвеќиња љубичици и истите ги поставија во холот на училиштето.
На ден 21.11.2012 училиштето се вклучи во акцијата,, Засади ја својата иднина’’ Истиот ден група ученици од предметна настава со наставник Душко Атанасовски учествуваа во пошумување во месноста Мршевци.
Во текот на месец ноември од страна на еко тимовите и еко координаторот беше изготвена апликација за награда ,,сребрено ниво’’ од еко програмата и истата беше испратена до МОН И ОХО програмата.
На ден 26.11. 2012 од страна на тв медиум МРТ беше снимен прилог со активности од еко програмата и истиот беше емитуван на ден 29.11.2012
Во текот на месец ноември состојбата во училишната зграда ја следеа еко патролите од I -3,II -3 III – 3, IV – 3, V – 3, VI – 3,VII – 3 о. VII – 3 д. и VIII – 3. Резултатите од анализата ќе бидат објавени во месец декември.