Да ги заштитиме птиците
Како екологисти кои ја сакаме природата и сакаме да ја зачуваме, презедовме одговорност да им помогнеме на птиците и да ги спасиме од замрзнување. Секојдневно во нивните засолништа куќички, кои ги поставивме во училишната градина им обезбедуваме храна од трошки кои ни остануваат од нашите ужинки.
Поставување засолништа за птици
Во текот на месец декември на неколку дрвца во училишната градина беа поставени куќички за птици. Куќичките ги поставивме за да им помогнеме на птиците да се засолнат од студените зимски денови.
Птиците тоа го заслужуваат затоа што тие ни даваат многу повеќе отколку што знаеме ние за нив.