15 декември – меѓународен ден за заштеда на електрична енергија
На 15.12.2011 нашето училиште со низа активности го одбележа 15 декември - меѓународниот ден за заштеда на енергија.
Одбележувањето беше со цел кај учениците да се развие свеста за потребата од штедење на електрична енергија и промена на навиките.
Работниот ден започна со ѕвонење на механичкото ѕвонче , наместо со електричното.
Во текот на работниот ден учениците од одделенска настава пишуваа пораки како да ја заштедиме електричната енергија и истите пораки ги изложуваа и ги прикачуваа на паноата во аулата на училиштето.
Во една од училниците на одделенска настава обичните светилки беа заменети со енергетско штедливи светилки.
Учениците од предметна настава на часовите по физика изработија проекти на тема “Заштедa на електрична енергија“ и истите им беа презентирани на учениците од двете смени за време на големите одмори.
Во текот на презентациите на учениците им беа поделени флаери на тема “Вреди да се штеди“.