22 Април - Ден на планетата Земја На ден 22 Април по повод Денот на планетата Земја во училишниот хол беше изготвено пано со едукативен материјал за заштита на планетата на земја
На разглас беше прочитан информативен текст ,, Од кога се одбележува Денот на планетата Земја’’ и ,,Како да и помогнеме на нашата планета’’
Во училишниот хол беше истакната шема од проектното истражување на учениците од VII одд. и наставничката Лиле Сервановска за изготвениот распоред на парцели за засадување и негување растенија во училишниот двор по одделенија. Со изготвениот план секоја паралелка ја превзема одговорноста да се грижи за својата парцела со засадување нови растенија и негување на веќе засадените растенија.
По предлог на ученици од VI одд. деветолетка беше спроведена акција за собирање стари и употребени батерии и од акцијата беа собрани 3 кг. батерии.