На 7 – ми Април, со почеток во 12,00 ч. во Спортската сала М.А. Ченто се одржа манифестацијата за одбележување на светскиот ден на задравјето организирано од Општина Гази Баба и Виталија. Во манифестацијата учество зедоа сите училишта од општина Гази Баба и секое училиште се претстави со литературни творби, изработени скулптури од амбалажа и здрав оброк подготвен од производи на Виталија. Манифестацијата беше реализирана со цел кај учениците да се изврши едукација за важноста на здравата исхрана.