Март
Со родители и ученици се одржа едукативно креативна работилница на тема ,, Пренамена на амбалажа‘’. Работилницата беше организирана од тимот за соработка со родители како дел од програмата ,,Еко училиште’’. Целта на работилницата беше родителите, учениците и наставниците да создадат уникатни уметнички творби и со тоа да и дадат една поинаква димензија на употребената амбалажа во секојдневниот живот, бидејќи грижата за животната средина зависи од сите нас и е долгорочна промена во однесувањето и навиките за селектирање отпад. Работилницата ја посети и на присутните им даде целосна поддршка претставник од Општината Гази Баба и член на Еко одборот г-ѓа Александра Димитриевска.

Eколошката кампања
,,Скопје – градот на цвеќето, Скопје - градот на розата“.
На ден 20.03.2013 нашето училиште зеде учество во еколошката кампања ,,Скопје - градот на цвеќето, Скопје - градот на розата“. Кампањата е спроведена од Министерството за животна средина во соработка со градот Скопје и Пакомак, а целта на кампањата е белите рози да станат препознатлив симбол на едно ново Скопје. За таа цел учениците на часовите по ликовно и творештво изработија оригами кои истите по симболична цена ги продаваа на штанд пред училиштето. Од продажбата на училиштето собрани се 1.600 денари и со истите набавени се 6 садници (Пауловнија).

Хуманитарен концерт
Играорната група при училиштето и членови од ,,Културно уметничкото друштво Скопје’’ од Скопје одржаа хуманитарен концерт под мотото ,,Енергијата се штеди затоа што вреди. Концертот беше проследен од родители, ученици и локалното население. Од продажбата на карти собрани се 12.150,00ден. Со прибраните финансиски средства набавени се штедливи светилки за една од останатите 5 училници. Концертот беше позитивно оценет од присутните гледачи и истиот беше презентиран на web. страната на Општина Гази Баба и повеќе електронски медиуми.

21 Март – Ден на Екологијата.
Активностите беа започнати во 8 часот со вклучување на сите ученици, наставници , родители и техничкиот персонал во училиштето. Се одвиваа според однапред подготвен план:
- Масовно чистење на училишниот двор од хартии и друг отпад,
- Садење на 25 бели рози во училишниот –донација од ПАКОМАК
- Окопување на садници и садење на 6 садници (Пауловнија)-
- Прихранување и чистење од прашина на цвеќињата во ауалата,
- Подготовка (боење) на неупотребливи автомобилски гуми кои ќе се искористат како жардињери за садење на украсни цвеќиња во дворот
- Изработка на жардињери од пластични шишиња, садење на цвеќиња и поставување на истите во холот на училиштето;
- Поставена Еко- изложба во еко училницата со изработки од ликовни творби