Октомври
Спроведени еко активности во текот на месец октомври
Активностите за месец октомври ги започнавме со следење на состојбата во училиштето од страна на Еко патролите. Во еко патролата вклучени ќе бидат сите ученици, освен учениците од I одд. Следењето ќе го бележат во чек листи.
На 06.10.2012 нашето училиште се вклучи во акцијата ,, Македонија без отпад”’ Акцијата беше спроведена со цел да се намали отпадот во местото на живеење, рaботење и учењe, а со тоа да се подобри изгледот на околината и училишната зграда. Во акцијата вклучени беа ученици, сите наставници и тех. персонал. Акцијата течеше според предвидениот план за акција.
Во училишната зграда тимот за одржување на зеленилото со ѓубрење, окопување и туширање ги освежи сите цвеќиња во аулата.