Февруари
Во текот на месец февруари училиштето активно се вклучи во кампањата за намалување отпад што ја организира Пакомак и Општина Гази Баба. Во акцијата во текот на месец февруари собрани се
вкупно 151 кг. пластични шишиња од кои 88 кг предадени се во Комунална Хигиена, а 63 кг.предадени се во Пакомак .Од акцијата за собирање стара и употребена хартија собрани се 457 кг хартија и предадени се во Комунална Хигиена. Од отпадот од стара хартија и пластичните шишиња кои беа предадени во Комунална Хигиена училиштето се здоби со финансиска добивка од 1.970 ден.
На ден 21 и 22.02.2013 претставници од училиштето директорката, педагогот и координаторот на еко програмата присуствуваа на Еко самит во Охрид. На самитот беа прогласени наградените еко-градинки и еко-училишта кои постигнале високи стандарди во имплементирањето на еколошки програми за едукација и управување со институциите во рамките на програмата „Како да се стане еко-училиште“ за учебната 2011/2012 година. Нашето училиште официјално беше прогласено за Еко училиште со сребрено ниво и се здоби со меѓународен сертификат за исполнување на еко-стандардите.
На ден 25.02.2013 педагогот и координаторот одржаа средба со одговорните претставници ученици од одделенска и предметна настава од еко програмата. На средбата на учениците им беше врачена наградата, а воедно и упатена благодарност до сите ученици и вработени за постигнатиот успех