Снегот го користиме за да ја заштедиме питката вода
Како училиште кое ја реализира програмата ,,Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем’’ и работи на стандард 2 заштеда на вода изнаоѓаме начини како да ја намалиме потрошувачката на вода во училиштето. За таа цел ги користиме и природните појави кои можат да ни помогнат во остварување на поставената цел.
Врнежите од снег кои ги имавме во изобилство изминативе денови кај учениците ја поттикна идејата да собираме снег, снегот да се стопи, а потоа ги полееме сакциските цвеќиња во училишната зграда. Идејата беше прифатена и реализирана благодарение на учениците. Собирањето снег во садови и во училишната фонтана е мал чекор, но голем е чекорот на учениците, кој што ни дава до знаење дека учениците се грижат и изнаоѓаат начини како да ја зачуваме и заштитиме животната средина. Нека оваа идеја стане порака до сите жители на планетава, снегот сеуште го имаме во изобилство.