Маскембал
По повод 1 Април денот на шегата во училиштето беше организиран маскембал на тема ,,Рециклираме и се маскираме. Учениците потпирајќи се на својата фантазија и умешност изработија иновативни и интересни маски од рециклирани материјали (хартија, пластика, најлон...). За нивните оригинални дела беа искористени амбалажи од сокови, млека, кутии за колачи, празни шишиња, лименки, картонски кутии. Најуспешните маски избрани од жири комисијата, учество зедоа на полоштадот Автокоманда каде се одржa централната Манифестација Априлијада 2013 , на која учество зедоа децата од градинките и основните училишта на подрачјето на Општината. Учениците Бојан Давковски од I-4 и ученичката Сара Јовановска VIII – 4 учество зедоа и на натпреварот организиран од Tрговскиот центар „Рамстор“ и „Пакомак“ и истите се здобија со награди Бојан освои трето место, Сара второ место.

7 Април наш Еко ден
Со активности од екологијата го одбележавме 7 Април Еко денот на училиштето. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот Тони Трајковски, членови и советници од општината Гази Баба, претставници од месна заедницa Маџари и родители. По повод одбележувањето беше изготвен план и според истиот се одвиваа предвидените активности.
Одбележувањето започна во 8 часот наутро со промоција на Еко химната на училиштето и дирекно, вклучување во живо во Македонска радио телевизија.
Текстот на еко химната го напиша ученичката Наталија Јовановиќ, а продуцент и автор на текст е наставник Ване Јовчев.
По промоцијата на химната свечено со сечење на зелена лента беше пуштена во употреба еко училницата. Еко училницата е изградена со сопствени средства од училиштето. Клупите за седење се донација од општина Гази Баба.
Активностите ги продолживме со поставување на компостерка за компостирање отпад. Компостреката ја изработија ученици од VIII одд во соработка со технички персонал и истата е поставена во училишниот двор.
Во текот на работниот ден во двете смени беа организирани активности со: окопување и фарбање на дрвцата во дворот, поставување на жардињери за цвеќиња од отпаден материјал (гуми од автомобил), поставување транспаренти, истакнување пораки, собирање стара и употребена хартија, точење на вода од базените за собирање дождовница во пластични шишиња и полевање на цвеќињата со истата. Во активностите учествуваа сите ученици и наставници.

22 Април - Ден на планетата земја
На 22 Април беше одбележан Денот на планетата Земја и Светскиот ,,Ден на акција’’ како дел од интернационалната програма Еко-училиште/еко-градинка на Фондацијата за еколошка едукација која се спроведува во 52 земји во светот. По тој повод во училиштето беа реализирани активности од еколошки карактер. Целта на активностите е училиштето на меѓународно ниво да преземе еколошки акции за создавање поодржлив развој. Во училиштето беа спроведени акции за: намалување отпад собирање стара хартија, пластични шишиња, окопување на садниците, полевање на цвеќињата со дождовница, едукација на локалното население преку пораки и поставување транспаренти во паркот Ченто.

Трибина - Компостирање отпад
По повод светскиот ден на акција на 22 април во училиштето беше организирана трибина на тема ,,Компостирање отпад". Трибината ја водеше ученичката Сара Јовановска, а учество зедоа ученици од соседните училишта од Општина Гази Баба од Скопје.,, Вера Јоциќ,’’,,Крсте Мисирков’’, ,, 25 Мај’’ и ,,Наум Наумовски Борче’’.