Со почит кон нашиот патрон
ДАНЕ КРАПЧЕВ-СТАРИ
Нашиот патрон Дане Крапчев-Стари е првоборец и прв политички комесар на Скопскиот партизански одред.Неговиот краток животен пат започнува на 2 февруари 1912 година во Иваница сместена во живописната Шумадија. Роден е како шесто дете во семејството на Јован и Теодора Крапчев, под името Дамјан, а подоцна н а галено го добива името Даме кое ќе го носи до крајот на животот.Заради политичките прилики и службата на татко му, неговото семејство постојано се сели. Поради честото селење неговото школување се одвива во повеќе градови:Прилеп, Чачак, Штип и Скопје каде во 1930 година завршува со средното образование.Во овој период кјај него почнува да се буди свеста за посебноста на македонскиот народ , а овие идеи по преселувањето во Дебар Маало почнува да ги шири и меѓу тамошните младинци. Во 1930 година Дане образованието го продолжува на правниот факултет во Белград, најнапред како редовен студент, а потоа заради тешката материјална положба принуден е да се вработи и да ги продолжи студиите вонредно.
Во 1937 година дане се сели од едно место на друго.Едно време останува во Буњаковец, Мала Станица, а потоа Долно Нерези, најнапред како потстанар на семејството Саздовски, а потоа како нивни зет.Во предвоениот период активен е во СКОЈ, КПЈ , а учествува во две од трите организирани диверзантски акции на рудникот Радуша. Неговата дејност во НОБ има огромно значење за подигањето на борбениот дух кај сите партизански сили, станува политички комесар на Скопскиот партизански одред,учествува во повеќе партизански акции, а неколку пати се наоѓа во илегалство.
Во текот на пролетната офанзива во судирот со бугарскиот окупатор на планината Плачковица , на 24 мај 1944 година Дане Крапчев го губи животот со што се вбројува во редот на борците кои ги положија своите животи за слободата на својата татковина.