На 25.02.2012 во соработка со невладината организација ,,ЕКГ’’ од општина Гази Баба, родители и ученици, во просториите на училиштето беше спроведена едукативно креативна работилница ”Од отпад до накит”. Работилницата беше спроведена со цел учесниците внесувајќи свои креативно – творечки вештини од стари предмети да изработат накит, декорации и мартинки по повод престојните празници 1 Март и 8 Март – Денот на жената.
Работилницата беше посетена од директорот на ОУ,,Наум Наумовски Борче’’ и истата позитивно оценета.
Изработените украси, декорации, мартинки, торбички за подароци беа продавани на 04.03.2012 по симболични цени на штанд во локалната средина кој беше организиран од унија на жени при општина Гази Баба.