Одбележување Денот на јаболкото
Во училиштето ,,Дане Крапчев’’ четврта година по ред се одбележува ,Денот на јаболкото’’. Одбележувањето е дел од кампањата ,,Здрава храна за детство без мана’’. Кампањата се спроведува со цел да ја подигне свеста кај учениците за потребата од конзумирање здрава храна, како и ужинките од чипсови смоки и газирани пијалоци се заменат со јаболко и производи од јаболко. По тој повод во наставата беа интегрирани содржини за пишување лични творби, опис на јаболкото, гатанки, презентации за благодетите на најубавото и највкусно македонско овошје – јаболко. На големите одмори во аулата на училиштето беа презентирани видови јаболка, производи со јаболка, беше организирана продажба на јаболки. и избрано најубаво јаболко. Активностите завршија со собирање на отпадот од јаболките и соодветно третирање на истите со оставање во компостерката за органски отпад. Денот на јаболкото во училиштето Дане Крапчев се спроведува традиционално четврта година по ред.