5 јуни Светски ден за заштита на животната средина
Почнувајки од 1972 година, 5 јуни се одбележува како ден на животната средина.
Ширум светот во многу градови, училишта и асоцијации, вообичаено се организираат пригодни предавања, семинари, улични манифестации и сл.
Неколку факти и утврдени состојби на планетата земја.
Факт е дека во последните децении животната средина е сериозно загрозена. Основна причина се човековите активности. несоответното депонирање на отпадот, масовното уништивање на шумите, енормната потрошувачка на суровини и материјали а посебно енормното и несоодтветно управување со залихите на питка вода се факторите кои што значајно ја загрозуваат животната средина. Испуштањето на големи количества на материи во атмосферата, водите и земјиштето, доведува до нарушување на природната рамнотежа воспоставувана со милениуми. Под влијание на промените во животната средина има масовни изумурања на многу видови организми, а физички промени трпи и атмосферата околу земјата. Промените во атмосферата, покрај другото, предизвикуваат, нарушување на озонскиот слој во атмосферата, што е главен филтер за опасните ултравиолетови зраци. Поради промените во животната средина многу био-видови изумираат. Со изумирањето на биолошките видови се нарушува синџирот во природата. Во рамките на тоа загрозен е и опстанокот на човекот.
Како да се справиме со состојбите ?
Состојбите можат да се ублажат ако сите граѓани, деловните субјекти, граѓанските организации а особено власта, ги превземат мерките, утврдени со Закон, и еколошките стандарди препорачани од домашните и меѓународни институции. Најголемо внимание треба за да се посвети на намалување гасовите и другите еколошки штетни материи што се испуштаат во воздухот, водите и почвата. За оние што нема да ги почитуваат утврдените нормативи, без исклучок да се превземаат санкции. Во регионите во кои живеат специфични – ретки био-видови, да се организираат набљудувања и евидентирање на состојбите, а во случај на негативни промени, утврдени со обработката на податоците, да се превземат дополнителни мерки за заштита и одржување популацијата.
Кој треба да ја штити животната средина и каде да се насочат силите?
Одговорот е краток, сите и секаде, но најважно е да се елиминира себичноста и алчноста на поедините правни и физички лица. Да се придружиме и ние, заедно можеме повеќе да придонесеме да имаме здрава животна средина.